Connect with us

Фудбал

Стигна во Милан, па порача: Сонував да станам новиот Кака

Италијанскиот великан Милан, пред неколку дена го доби првото засилување во јануарскиот преоден рок, а нов член на овој клуб е Лукас Пакета.

Станува збор за 21-годишен бразилски фудбалер кој „Росониерите“ ги засилува од Фламенго, а за него беа платени 35 милиони евра.

За Милан во минатото настапуваа голем број на Бразилци кој во клубот од „Сан Сиро“ станаа големи ѕвезди, но Пакета сепак нема дилема за тоа кој му е идол од нив.

„Кака од секогаш беше еден од моите идоли. Знам дека е легенда во Милан, а мојата желба е да бидам како него и да бидам новиот Кака“, порача Пакета.

Лукас Пакета во Милан ќе го носи дресот со број 39 и веќе се придружи на своите соиграчи, со кои ќе ги започне припремите за натпреварот од италијанскиот Суперкуп против Јувентус кој се игра на 16 јануари.

Од Милан порачаа дека Пакета официјално ќе биде претставен во вторник, кога е закажана и прес конференцијата.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com