Фудбал
Стигнаа првите резултати од повредата на Нејмар, ова се прогнозите
Стигнаа првите резултати од повредата на Нејмар. Според првичните информации тој нема да мора да оди на операција, бидејќи зглобот не му е скршен. Сепак, лошото е тоа што според анализите ќе мора да паузира неколку недели.
Тој се повреди во неделата на дербито помеѓу ПСЖ-Лион (0-1) откако противнички фудбалер остро стартуваше врз него.
Наскоро ќе биде и официјално познато колку точно недели ќе паузира и дали ќе биде спремен да се врати пред дуелот со Барселона во осминафиналето на ЛШ. Со оглед на тоа дека првиот меч се игра во февруари, а очекување е тој да биде „фит“ до тогаш.