Connect with us

Ракомет

Стоилов ќе биде дел од ракометарите што ќе се подготвуваат за последните две средби од квалификациите за ЕП 2020 година

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ќе биде дел од ракометарите што ќе се подготвуваат за последните две средби од квалификациите за ЕП 2020 година. Селекторот Данило Брестовац го повика на последните подготовки каде има 22 ракометари.

Македонија треба да ги одигра последните две средби во групата, со Турција на гости, и со Грција на домашен терен. Ние сме веќе пласирани на ЕП, а сега се бориме за првото место во групата што би ни донело и попривилегиран статус во ждрепката.