Фудбал
Столе Димитриевски пред Црна Гора: Ова за мене е посебен натпревар!
Голманот на македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот дуел со селекцијата на Црна Гора, кој е од пријателски карактер ги сподели очекувањата:
„Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути, вели Димитриевски.
Натпреварот со Црна Гора се игра утре во Анталија со почеток во 14:00 часот.