Connect with us

Фудбал

Страшен меч во Рим (ВИДЕО)

Еден од натпреварите од 20. коло во Серија А кој не бешее одложен е оној меѓу Лацио и Емполи.

И подобро да што не беше одложен. Гледавме одличен натпревар на стадионот „Олимпико“ во Рим, кој на крајот заврши со поделба на бодовите 3:3.

Првиот гол го видовме во шестата минута. Стракоша направи пенал, а неговиот сонародник Недим Бајрами го претвори во гол.

Домаќинот не се ни опорави од шокот, а на семафорот веќе стоеше 0:2 за Емполи. Зурковски во вистинско време се најде на вистинското место и една одбиена топка во осмата минута ја смести зад грбот на Стракоша.

Сепак, малку подоцна Чиро Имобиле ја враќа надежта во домашниот. Сергеј Милинковиќ-Савиќ центрираше, а најдобриот стрелец на Лацио погоди со глава за намалување на водството на гостите. Се играше во 14. минута.

Лацио можеше да израмни во 30. минута, но ударот на Фелипе Андерсон заврши во стативата. Но, израмнувањето дојде во 66-та минута, а фантастичен гол постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Сепак, гостите не се предадоа и по десет минути стигнаа до ново водство. Погоди Ди Франческо за водство на Емполи од 2:3.

Четири минути подоцна голема прослава на Олимпико. Патрик постигна гол за 3:3, но набрзо следеше шок. Се огласи ВАР, а голот беше поништен поради играње со рака.

И кога не оди, не оди. На три минути до крајот на мечот за Лацио беше досуден пенал, Чиро Имобиле ја презеде одговорноста, шутираше во долниот лев агол, но ударот беше преблаг, па голманот на гостите одбрани.

Но, Лацио успеа да избегне пораз. За ова се погрижи Сергеј Милинковиќ-Савиќ со неговиот втор гол на мечот, во четвртатат минута од судиското продолжение и ги постави конечните Лацио-Емполи 3:3.

Со овој бод Емполи остана зад Лацио на табелата. Римскиот тим сега е осми со 32 бода, додека Емполи е деветти со четири бода помалку.