Поврзи се со нас

Други спортови

Страшна снимка од Аделбоден: Американски скијач паднал на главата и веднаш ја изгубил свеста (ВИДЕО)

Велеслаломот кој се одржа во Аделбоден, Швајцарија беше запрен скоро на самиот почеток.

Имено, организаторите ја прекинаа трката по страшниот пад на американскиот скијач Томи Форд. Започна четврти и кога влезе во задниот дел на патеката едноставно изгуби контрола и падна на главата.

После тоа, Форд удрил во заштитната ограда покрај патеката, а Брзата помош притрчала на помош.

Според првите информации, Форд изгубил свест кога паднал и ја удрил главата, а бил пренесен во болницата, каде се очекуваат повеќе информации за неговата моментална состојба.

Сите со нетрпение чекаат информации од болницата и се надеваат дека сè е во ред со Форд.

 

Facebook

loading...