Connect with us

Тајмаут

Страшна сообраќајна несреќа на поранешен италијански фудбалер

Поранешниот италијански фудбалер Андреа Косу (41) доживеа страотна сообраќајна несреќа.

41-годишниот фудбалер, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во Верона и Каљлари, изгуби контрола над своето Порше, погоди заштитна ограда и се преврте неколку пати.

Косу испаднал од автомобилот, се здобил со повреди на главата и бројни скршеници, и бил пренесен во болница во сериозна состојба.

За среќа, Косу не е во животна опасност и се очекува успешно да се опорави.

Овој поранешен фудбалер оствари два настапи за италијанската репрезентација, а со години успешно играше за Каљари во Серија А.