Connect with us

Фудбал

Страшна трагедија: Во сообраќајка загина 21-годишен фудбалер

Мирза Ѓурѓевиќ, младиот фудбалер на црногорскиот клуб Језеро починал по сообраќајна несреќа во четвртокот. 21-годишниот Ѓурѓевиќ им подлегнал на повредите во судир во кој учествувале четири возила, а тој е единствениот кој бил повреден.

Лекарите се бореле за него повеќе од 24 часа, фудбалерот имал повреди на главата, во петокот бил во несвест и не преживеал.

Важеше за еден од најталентираните фудбалери во Црна Гора, настапуваше во помладите категории на Будуќност, а настапуваше и за Отрант-Олимпик од Улцињ.