Фудбал
Страшна завршница на мечот во Лондон: Касемиро ги замолкна сините со гол длабоко во судиското надополнување
Нерешено заврши дерби натпреварот од 13. коло на Премиершип помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, а навивачите можеа да видат два гола во самата завршница од натпреварот.
Двата тима се во многу добра форма, па беше многу тешко да се прогнозира овој натпревар, но сите му дадоа блага предност на Челзи.
Главна причина е малку разнишаната атмосфера во Манчестер Јунајтед, а секако причина за тоа е однесувањето на Кристијано Роналдо.
Челзи, спротивно на очекувањата, во првото полувреме беше во подредена позиција, а Манчестер Јунајтед имаше неколку одлични шанси да поведе.
Најдобрите шанси ги имаше Рашфорд кога Кепа брилијантно го одбрани во ситуација еден на еден, а Антони шутираше далеку од одлична ситуација.
Во вториот дел Челзи игра многу подобро, и конечно стигна до нивото кое се очекуваше од него на овој натпревар.
Голот за водство на домашните беше од пенал во 87. минута од натпреварот. Жоржињо ја презеде одговорноста и постигна гол, а се чинеше дека трите бода ќе останат во Лондон.
Сепак, гостите не се предадоа и успеаја да постигнат гол за реми на денешниот натпревар, а Касемиро погоди во 94. минута од средбата.
По оваа победа Челзи остана на четвртото место со 21 освоен бод.
Од друга страна, Манчестер Јунајтед остана на петтата позиција, но пропушти шанса со победа да го мине денешниот ривал.
Двата тима, особено Челзи, до крајот на сезоната ќе го бараат своето место на позицијата која води во Лигата на шампионите следната сезона.