Connect with us

Фудбал

Страшни вести за Гвардиола, но и за Саутгејт

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа оствариа убедлива победа од 5:0 во Лигата на шампионите против Копенхаген.

Сите што ја следеа таа игра можеа да забележат дека на позицијата десен бек поради повреда недостасува Кајл Вокер, стандардниот член на првата постава.

Најпрво се чинеше дека неговата повреда нема да биде од сериозна природа и дека многу брзо ќе се врати на терените, но новите прогнози не се баш добри за него.

Неговиот настап на Мундијалот е доведен во прашање, а причината е повредата на стомачниот ѕид со која се здоби.

„Тој има проблем во стомакот и тоа е се што можам да кажам. Не знаеме кога ќе се врати, не знаеме дали ќе игра на Светското првенство“, изјави Гвардиола и додаде:

„Знам колку фудбалерите секогаш сакаат да играат на Мундијалот и колку тоа им значи, но ситуацијата е навистина многу комплицирана, па не можеме да кажеме ништо, барем не засега“, заклучи Гвардиола.

Кајл Вокер се повреди на натпреварот со Манчестер Јунајтед, а беше заменет во 41. минута од натпреварот, а потоа наместо него во игра влезе Серхио Гомез.

Оваа сезона Вокер одигра осум натпревари во сите натпреварувања за Манчестер Сити, но нема да биде во проблем само неговиот клуб.

Овој фудбалер е прв избор на позицијата десен бек и во репрезентацијата на Англија, а Саутгејт не може да го замисли својот стартен состав без него.

Иако има многу добри алтернативи кај Александер-Арнолд од Ливерпул, кој не игра баш најдобро оваа сезона и Рис Џејмс од Челзи, Вокер секогаш бил првиот избор на селекторите.