Connect with us

Кошарка

Сцената од соблекувалната на Ол Стар натпреварот наиде на многу осуди (ВИДЕО)

Претходниот викенд во Кливленд се одигра НБА Ол Стар натпреварот.

Тимот предводен од Леброн Џејмс го победи Тим Дурент со 163:160 и приреди ново шоу за навивачите на најсилната кошаркарска лига во светот.

Сепак, сцената од соблекувалната пред натпреварот наиде на бројни осуди. Камерите на ТНТ ги „уловија“ играчите додека се коцкаа пред почетокот на натпреварот.

Кеш е на маса, Џоел Ембид дели карти, а во играта учествуваат и неколку НБА ѕвезди.

Очигледно Ембид излезе како победник. Потоа повторно беше фатен од камерата додека ги броеше парите и очигледно му се исплатеше патувањето во Кливленд.

Оваа сцена наиде на бројни осуди, а се очекува комесарот на НБА лигата Адам Силвер да разговара со кошаркарите за случајот.