Connect with us

Фудбал

Суарез има шанса за голем потпис

Луис Суарез (35) на крајот од минатата сезона го напушти Атлетико Мадрид и се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Искусниот уругвајски напаѓач планира да остане во Европа. Тој бара клуб, а денеска се појавија информации дека 35-годишниот напаѓач би можел кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд.

Германскиот гигант се најде во неволја откако новото засилување Себастијан Халер ненадејно мораше да го напушти тимот. Откриен е тумор на тестисите и тој нема да биде достапен за тимот одреден период.

Наместо него, местото во нападот на тимот од Дортмунд би можел да го заземе легендарниот Уругваец. Скај Германија објави дека агентите и ги понудиле услугите на Суарез на Борусија и се чека одлуката на клубот.

Без разлика на годините, Луис Суарез сигурно би бил засилување за секој клуб. Борусија би можела да го искористи во оваа ситуација кога е без Халер и ќе видиме каква одлука ќе донесе раководството на тимот од Дортмунд.

Уругваецот претходните две години играше за Атлетико Мадрид. Со овој клуб ја освои шампионската титула во 2021 година, а претходно со значителен успех играше за Барселона, Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Национал.