Фудбал
Суарез плачеше кога заминуваше, но сега е среќен во Атлетико: Она што не го правев во Барселона, го правам тука
Со солзи во очите и емотивна прес конференција, како да бил просечен ирач, на овој начин Луис Суарез замина од Барселона, пред се поради тоа што новиот тренер Роналд Куман порача дека неговите услуги не му се потребни.
Сепак, колку згрешил Куман, доволно покажува податокот дека Уругваецот е најдобар стрелец во моментов во лигата со 14 постигнати голови, а во Атлетико Мадрид игра како препороден и го носи тимот полека кон шампионската титула. Тој е среќен во Мадрид.
-Додека бев во Барселона, Лео беше задолжен за слободните удари, јас ретко кога шутирав, додека овде јас ги шутирам. Меѓутоа постигнував такви голови во минатото и за Ливерпул и за Уругвај. Вежбам по цел ден и мило ми е што трудот ми се исплати, изјави Суарез кој на последниот меч од првенството против Кадиз постигна прекрасен гол од слободен удар.