Connect with us

Фудбал

Судии од Русија ја делеа правдата на мечот Наполи-Барселона, а овој детаљ не беше прикажан во телевизискиот пренос (ФОТО)

Мечот помеѓу Наполи и Барселона (2:4, вкупно 3:5) го судеше Сергеј Карасев од Русија, чија земја рано утрово изврши инвазија врз Украина.

По излегувањето од соблекувалните, фудбалерите на двата тима извадија голем транспарент на кој пишуваше „Стоп за војната“.

Сепак, во ТВ преносот тоа не беше покажано на тв камерите, со цел рускиот судија да не биде поврзан во ниту еден случај со овој настан. Но, правилата исто така се „политиката надвор од спортот“, па и ова е една од причините поради кои режисерот на пренесот го немаше овој детаљ во кадар.