Connect with us

Фудбал

Судија два пати предвреме означи крај на мечот, обезбедувањето го спаси од линч, тој вели: Бог ми испрати порака (ВИДЕО)

Судијата Џани Сиказве ќе биде запишан дека го судел еден од најконтроверзните мечеви. Имено на Африканскиот Куп на нации, тој два пати судеше крај пред време на мечот Мали –Тунис (1:0). Прво во 85-та, па потоа во 89-та минута. Обезбедувањето го спаси од линч од фудбалерите на Тунис, а тој по мечот изјави.

„Докторите ми кажаа дека температурата на моето тело не се намалува. Ако поминев уште некое време на теренот, ќе завршев во кома и тоа ќе беше мојот крај. Бог ми испрати порака да го прекинам натпреварот и ми го спаси животот. Гледав луѓе како од работа ги враќаат во ковчег, а тоа лесно можеше да ми се случи и на мене“, вели Сиказве.