Connect with us

Тајмаут

Судијата кој пред една година беше уапсен со српската старлета, ќе го суди големото финале помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд!

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, на стадионот Вембли во Лондон, ќе го суди словенечкиот судија Славко Винчиќ! Еден од најдобрите европски судии во изминатите неколку сезони ја доби големата чест да ја дели правдата на натпреварот за најголемиот европски трофеј на 1-ви јуни, а покрај големиот успех што го постигна во кариерата, се уште се зборува за неславен детал од неговото минато.

 Кон крајот на мај 2020 година, во околината на Бјелина, беше уапсена српската старлета и учесничка во неколку реални шоуа Тијана Ајфон, а во таа прилика лисици на рацете му ставија и словенечки судија! Тијана се обидела илегално да влезе во Босна и Херцеговина, за да биде специјален гостин на приватна прослава заедно со своите пријатели, но полицијата извршила голема акција. По тој повод беа уапсени дури 36 лица, од кои некои веднаш беа ослободени – меѓу нив беше и словенечкиот судија Славко Винчиќ. 

Advertisement