Фудбал
Судир на лути ривали: Познати веројатните состави на Интер и Јувентус
Фудбалерите на Интер и Јувентус вечерва играат големо дерби во рамките на полуфиналето на Купот на Италија.
Првиот полуфинален натпревар се игра на „Меаца“ и сигурно е дека не чека многу возбудувања. И двата тима ќе бидат ослабени со неиграњето на неколку играчи, но и покрај тоа, многумина очекуваат спектакл на „Меаца“.
Антонио Конте не може да смета на суспендираните Ромелу Лукаку и Ахраф Хакими вечерва, додека Пауло Дибала и Арон Ремзи нема да играат на другата страна.
Натпреварот се игра вечерва во 20:45 часот, а италијанските медиуми веќе ги објавија веројатните состави на Интер и Јувентус.
Интер: Хандановиќ, Скриниар, Де Врај, Бастони, Дармијан, Барела, Брозовиќ, Видал, Јанг, Лаутаро, Алексис.
Јувентус: Буфон, Данило, Бонучи, Де Лигт, Алекс Сандро, Куадрадо, Бентанкур, Артур, Мекени, Кулушевски, Роналдо.