Connect with us

Фудбал

Судот ја уважи жалбата на УЕФА, дали трите гиганти ЛШ ќе гледаат само на телевизија?!

Судот во Мадрид ја усвои жалбата на УЕФА на претходната одлука за укинување на казните за клубовите кои ја основаа Супер лигата, а тоа се Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

Прифаќањето на жалбата значи дека УЕФА сега има можност да примени казни и суспензии за клубовите кои се вистински гиганти не само во Европа, туку и во светот.

Во судската одлука, меѓу другото, се наведува дека трите клуба биле свесни за можните последици кои не ги спречиле да ги прифатат финансиските обврски и сега се соочуваат со санкции.

Некои од санцките со кои се соочуваат се казнети со 100 милиони евра или исфрување од европските натпреварувања на сезона или две.

Три клуба веќе најавија жалба на оваа судска одлука, но додека не заврши тој процес, УЕФА може најстрого да ги казни.

Инаку, Александар Чеферин во вторникот изјави дека Барселона, Јувентус и Реал Мадрид се меѓу првите клубови кои се пријавиле за Лигата на шампионите во сезоната 2021/22, што најдобро говори колку зависат од парите на УЕФА.

 

Реклама

Facebook