Фудбал
„Супермен“ ќе ја носи Црвена Звезда до титулата
Владан Милојевиќ и официјално се врати во клубот Црвена звезда од каде замина пред четири години. Тој денеска беше промовиран на прес-конференцијата организирана по тој повод, а генералниот директор Ѕвездан Терзиќ во воведното излагање истакна дека Милојевиќ потпишал договор на две и пол години.

По директорот збор доби Милојевиќ.
„Најпрвин сакам да ви се заблагодарам што дојдовте, можам да кажам дека во моментот кога заминував знаев некаде во мислите… Дојдов од мал град на 16 години и Звезда ми значи многу. , ми даде многу . Секогаш беше прашање што е тоа и колку можам да и вратам. Кога заминував имавме добра бодовна разлика и реков дека Звезда секогаш може да смета на мене. Мислам дека Звезда има луѓе во стручниот штаб кои се подготвени да помогнат во секое време. Јас сум некој кој верува во работа и давање некои ветувања е неблагодарно. Ќе направиме се што е во наша моќ да продолжиме по патот кој Звезда го тргна пред неколку години. Се надевам дека успешно ќе ја завршиме сезоната како што доликува на клуб како Звезда“, рече Милојевиќ во своето воведно обраќање.
Интересно е тоа што на социјалните мрежи пред официјалната прес конференција Звезда објави фотографија и порача „Супермен“ се врати дома.