Други спортови
Светот му се восхитува на Енди Мареј! Капа доле мајсторе!
Иако веќе има 37 години, иако минатите години долго закрепнуваше од повредите и операциите на колкот, Енди Мареј не ја загуби желбата да се натпреварува на највисоко ниво, како што некогаш тоа го правеше во своите најдобри денови.
Британецот тоа на неверојатен начин го демонстрира деновиве од почетокот на Австралија Опен.
Да потсетиме, на стартот по џиновска борба во пет сета го елиминира 13-от носител, Италијанецот Матео Беретини, а што да кажеме за тоа што денеска го направи против локалниот играч Танасис Кокинакис?
Нивната борба траеше скоро шест часа, Австралиецот водеше со 2:0 во сетови – 6:4 и 7:6 (7:4), но и тогаш Мареј не се предаде и до крајот на овој антологиски меч, тој направи чудесен пресврт!
Во третиот сет беше на работ на пораз, се беше решено во тај-брејкот кој Мареј го доби со 7:5 и како тогаш да доби нова сила, па во следниот заигра уште подобро два сета добивајќи го четвртиот сет со 6:3, а петтиот решавајќи со 7:5 за конечен триумф и пласман во третото коло.
Таму ривал ќе му биде искусниот Шпанец Роберто Баутиста, но што и да направи на тој меч, Енди Мареј ќе се врати од Мелбурн како победник!
Браво мајсторе!