Други спортови
Светот наскоро ќе ја дознае целата вистина за Михаел Шумахер
Повеќе од седум години легендарниот возач на Ф1 Михаел Шумахер се опоравува од повредата заработена на скијање, а лекувањето се одвива во строга тајност. Никој не знае каква е точно неговата здравствена состојба во моментов и како тој се чувствува.
Меѓутоа, најавен е документарен филм „Шумахер“ кој би требало да даде одговор на сите тие прашања и да се открие целата мистерија околу страдањата на Михаел Шумахер. Според најавите за прв пат ќе се видат и приватни снимки од Шумахер. Во документарецот треба да се појават неговата сопруга, братот, ќерката и синот, кој дебитираше во Формула 1.