Connect with us

Други спортови

Светската хокеарска асоцијација го исклучи Израел од своите натпревари, се сомневаат дека зад се стои Путин

Светската асоцијација за хокеј на мраз ги исклучи селекциите на Израел од турнирите во Светскиот куп, а зад се стојат безбедносни причини. Како што е наведено, IIHF (Светската асоцијација за хокеј на мраз) ја оправда одлуката со својата должност да ги „заштити сите учесници во натпреварите под нејзина надлежност“.

Најавено е дека одлуката ќе се применува се додека не се гарантира безбедноста и благосостојбата на сите учесници, вклучително и Израелците, а во соопштението не се споменува дали некоја друга земја се противи да игра против Израел.

Затоа израелската страна смета дека легендата на НХЛ, Павел Буре, кој сега седи во Извршниот одбор на ИИХФ и е голем пријател со Владимир Путин, стои зад исклучувањето на нивните селекции и сака некако да се одмазди за исклучувањето на Русија од спортотските натпревари.

Претседателката на израелскиот олимписки комитет Јаел Арад истакна дека ќе се жали на ваквата одлука на Светската хокеарска асоцијација.

“Минатиот месец имаше многу разговори со Меѓународната хокеарска федерација. За жал, овде беше направен опасен преседан, кој е опкружен со мешавина на антисемитизам, маскиран како грижа за спортистите. Израел ќе поднесе жалба на исклучувањето пред Меѓународниот суд на спортска арбитража (CAS)“, рече таа. е Арад. Инаку, машката хокеарска репрезентација на Израел во април требаше да игра во Србија против ОАЕ, додека женската селекција со Босна и Херцеговина и Индонезија во март во Естонија на Светското првенство во трета дивизија.