Connect with us

Фудбал

Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. 
 
Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. 
 
Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. 
 
По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. 
 
Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.
 
Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот.