Connect with us

Фудбал

Светско, а наше – цената на Елмас драстично зголемена

Според „Трансфермаркт“ најголем скок во цената според игрите прикажани сезонава на теренот има Стефано Сенси од Интер, но тука се уште двајца соиграчи на Елмас од Наполи, а тоа се Фабијан Руиз и Џовани ди Лоренцо.

На стартот од сезоната македонскиот репрезентативец според интернет порталот „Трансфермаркт“ беше проценет на 10 милиони евра. Сега неговата цена е зголемена за седум милиони евра и е помеѓу десетте фудбалери во Серија А со најголем напредок.