Connect with us

Фудбал

Sвездата на Барселона си игра со оган

Фудбалерите на Барселона веќе некое време се ставени во карантин по вонредна состојба во Шпанија поради епидемија на коронавирус.

Некои успеаја да ја напуштат Шпанија и да се вратат во родната земја. Тоа е случај и со Френки де Јонг, кој се наоѓа во Холандија. Младиот играч од средниот ред во Амстердам играше до последната минута со голема желба.

Мадридскиот весник „АС“ објави фотографија на која прескокнува ограда за да игра фудбал и да тренира со пријателите.

Во меѓувреме, холандските власти забранија колективно дружење, па Де Јонг во моментов е во изолација и не го напушта својот дом по заострувањето на мерките за движење.

Фотографијата на Де Јонг е направена минатата недела и, според него, теренот бил заграден и одвоен од другите, но наместо да чека да се отвори портата, тој со нетрпение ја прескокна оградата.

Тешко е да се каже кога фудбалот ќе продолжи да се игра во Европа, со оглед на моменталната состојба. Планот е да се започне на почетокот на мај за да се заврши сезоната до крајот на јуни или најдоцна до средината на јули.