Connect with us

Тајмаут

Таа е поскромна од другите жени: Антонела покажа каков автомобил вози по улиците на Париз

Антонела Рокузо, сопругата на аргентинската ѕвезда Лионел Меси, се пофали со автомобилот што го вози низ улиците на Париз.

Иако нејзиниот сопруг важи за еден од најбогатите спортисти, Антонела се задоволила со нешто поскромен автомобил.

Таа вози електричен Mini Cooper SE чија минимална цена е 40.000 евра и тоа е најновата верзија на Mini која собори продажни рекорди минатата година.

Сигурно е дека Антонела не ја земала најевтината верзија и веројатно е дека нејзиниот автомобил е барем нешто пораскошен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MINI (@mini)

Сепак, тој е прилично скромен во споредба со автомобилите што ги возат многу други жени на фудбалери и по цена од неколку стотици илјади евра.

Антонела очигледно е нешто друго, иако Лео заедно со Кристијано Роналдо е веројатно најбогатиот фудбалер на светот.