Кошарка
Таа кажа „ДА“: Лука Дончиќ е голем романтичар, вака ја запроси неговата убавица, љубовта од детството (ФОТО)
По добрата индивидуална сезона, полна со препознатливост и убави моменти, се чини дека Лука Дончиќ дефинитивно го доживеа најдобриот дел од својот живот досега!
Имено, словенечкиот кошаркар и ѕвезда на Далас Маверикс на својот Инстаграм профил објави дека наскоро ќе стапне на лудиот камен. Негова сопруга наскоро ќе стане Анамарија Голтес, неговата девојка од детството, а радосната вест ја споделија на социјалните мрежи.
Заедно се од 12-годишна возраст, се запознале во Хрватска на брегот каде во тоа време летувале нивните семејства. Неколку години подоцна, тие ја официјализираа својата врска и сега станаа една од најпознатите парови во НБА.