Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Фудбал

Тагата го преплави Серхио Агуеро, а Гвардиола го разбира: Тешко му е, особено поради синот

Манчестер Сити утре игра против Барнли, но големото прашање е дали Серхио Агуеро ќе даде се од себе на овој натпревар.

Агуеро жали за смртта на Диего Марадона. Легендарниот Аргентинец имал големо влијание врз него, а тој бил и дедо на неговиот 11-годишен син кого Серхио го добил со најмладата ќерка на Марадона, Џанина.

Пеп Гвардиола потврди дека Агуеро не се чувствува многу добро.

„Тешко ми е да зборувам за неговите чувства. Тешко е за него, особено поради неговиот син. Тој добро го познаваше Марадона, тој беше дедо на неговото дете. Во ред е, но ова е тажна ситуација за неговото семејство“, рече Пеп.

Агуеро во 2009 година доби син со Џанино. Тие се разведоа три години подоцна, но тој остана во добри односи со Диего.

Агуеро се прости и Марадона на социјалните мрежи.

„Никогаш нема да те заборавиме. Секогаш ќе бидеш со нас“, напиша Агуеро.

loading...

Facebook