Connect with us

Други спортови

Тајгер Вудс опериран, внатрешноста на автомобилот му го спасила животот

Најпознатиот голфер Тајгер Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа. Тој загубил контрола врз возилото, излетал од патот и неколку пати се превртел завршувајќи во провалија. За среќа Вудс ја преживеал сообраќајката. По сето ова се огласи неговиот тим.

Потврдено е дека голферот има сршеници на левата нога, опериран е, но имал исто така повреди на коски, скршеници на стопалата и зголобите, кои биле успешно санирани. Тој е буден и комуницира по операцијата.

Новите информации велат дека внатрешниот дел на автомобилот, воздушните перничиња, му го спасиле животот.