Други спортови
Тајсон подарил Бентли од 500.000 долари на пријател, менаџерот го вратил: Беше љубоморен к***ин син
Мајк Тајсон на врвот на својата кариера буквално се бањал во парите. Имал околу 300 милиони долари, а голем дел од тие пари ги потрошил на луксус, жени, дрога. Но, еден дел потрошил и на пријателите. Па, така на еден негов пријател му подарил Бентли вредно 500 илјади долари.
-Имав многу автомонили. Парите ништо не ми значеа. Имав околу 300 милиони долари, зошто тие 500 илјади би ми значеле нешто. Имав многу пари, многу повеќе од сите во моето опкружување, вели Тајсон и додава:
-Кога ќе се збогатиш купуваш многу работи за себе, но и за пријателите кои немале можност за такво нешто.
Автомобилот Тајсон му го дал за да пријателот отпатува кај неговата мајка, а тврди дека неговиот менаџер Џон Хорн му се јавил три дена подоцна на пријателот на Мајк за да го прати автомобилот. Тајсон не можел да поверува.
-Ми рече, знаеш дека сум ти го вратил тој автомобил? Не можев да поверувам. Му реков дека јас му го подарив автомобилот и дека Бентлито било за него бидејќи сакав тој, но и сите мои пријатели да имаат нешто од мене. Тој Џон очигледно дека бил љубоморен кучкин син, изјави Тајсон.