Ракомет
Талески: Имајте трпение со оваа репрезентација

Македонската репрезентација претрпи тежок пораз на стартот на Светското првенство од репрезентацијата на Шведска со 32-20. Филип Талески иско како и многумина смета дека нема изговор за вчерашниот пораз, но исто така порача дека треба да се има трпение со оваа репрезентација.
Нашата репрезентација претрпи големи промени, особено кај ракометарите. Имаме доста подмладен кадар, па сосема е разумно тоа што го бара Талески, но и другите ракометари од навивачите.
„Нема алиби и изговор за тоа што го одигравме вчера. Не одигравме тоа што беше договорено, не бевме борбени, не се враќавме навреме назад. Знаеме дека сите сакаат се најдобро за репрезентацијата, сакаат да победуваме, сакаме и ние, но треба трпение. Ова е репрезентација во создавање има осцилации. Нема оправдување за тоа што го одигравме вчера, сега мораме да се фокусираме на тоа што не чека“, изјави Филип Талески.
Талески исто така истакна дека Египет е фаворит на утрешниот натпревар, но нашата репрезентација ќе се обиде ја „земе работата во свои раце“, и ќе одигра што е можно подобро.
Македонската репрезентација следниот натпревар го има утре во 18:00 часот против Египет.
