Фудбал
Татко ми ме погледна и ми рече: Златан, нема надеж! Потресна исповед на Ибра: Имам многу пари, а не го спасив брат ми!
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ реши да стави крај на својата играчка кариера ова лето и преживеа толку многу што може да напише уште една книга. Имаше бурна спортска кариера, но и приватно се соочуваше со бројни проблеми, а една од најтешките епизоди во животот ја опиша во книгата „Адреналин: мојата нераскажана приказна“ каде се осврна на смртта на неговиот брат Шапко.
За жал, тој почина на 42 години од леукемија и тешко го погоди Златан … Нему му посвети една од тетоважите на телото:
„Не сакам да размислувам како ќе бидам кога ќе остарам и како ќе стареат моите тетоважи, намерно ги истетовирав на грбот за да не ги гледате. Немам тетоважи на нозете, има само лузни поради мојот стил на игра и мојата фудбалска историја.На раката го истетовирав датумот на раѓање на брат ми Шапко кој почина на 42 години. Леукемијата го однесе за само 14 месеци, па не сакам да размислувам за иднината и се концентрирам само на овој момент, на сегашноста“, пишува шведскиот напаѓач во својата книга.
-Шапко почнал со терапија, но за неколку месеци состојбата му се влошила. Се вратив од Париз каде што играв и го најдов отечен, без влакна, веќе се мачеше да се движи. Ми беше многу тешко да го видам во таква состојба. Не бев подготвен. Мораше да испие еден куп лекови за да се чувствува подобро, но тоа беше само на кратко. Тато го однесе во тоалет, а потоа се врати во дневната соба и за прв пат ми призна: Нема надеж. Го погледнав и ја сфатив сериозноста на неговиот поглед. Не можев да дишам, не можев ни да голтнам. Но како? Шапко ми даде надеж, а татко ми ја однесе. Со сета физичка сила што ја имав, со сите пари, со сите познаници, не можев ништо да направам за да му помогнам на брат ми. Се чувствував целосно немоќно, вели Ибрахимовиќ.