Connect with us

Фудбал

Тажен крај на една богата кариера: Агуеро во среда ќе објави дека се пензионира

Само што дојде во Барселона, за да го исполни сонот и да го облече дресот на каталонскиот тим, Серхио Кун Агуеро ќе мора да се пензионира поради здравствени причини. Ова официјално ќе го стори во среда, пишуваат светските медиуни.

Аргентинскиот напаѓач на 30 октомври на мечот со Алавес почувствувал болка во градите, а деталните прегледи утврдија дека Серхио Агуеро најверојатно никогаш повеќе нема да може да игра.

Оваа вест ја потврдија и медиумите блиски до Барселона, а прес-конференција би требало да се одржи на стадионот на каталонскиот клуб.

Пред доаѓањето во Барселона, Агуеро 10 години беше во Манчестер сити и стана легенда на клубот со 260 гола, најдобар стрелец во историјата на клубот со кој пет пати беше шампион на Англија, освои уште 10 трофеи и играше во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона.