Фудбал
Тажна роденденска приказна на екс играчот на Реал Мадрид, сите ги повикал, но дошле само двајца пријатели
Сезоната 2012/13 не беше многу добра за Реал Мадрид. „Кралевите“ имаа лош старт, а на крајот титулата на Шпанија и припадна на Барселона.
И покрај тоа што остана непоразен во последните 16 лигашки натпревари, Реал успеа да собере „само“ 85 поени и заврши со неверојатни 15 поени зад својот ривал.
Реал истата сезона испадна во полуфиналето на Купот на кралот, а доживеа елиминација во полуфиналето на Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд, а единствено што успеа да го освои е шпанскиот Суперкуп.
Но, тоа не е доволно за тим со безброј играчи од светска класа, вклучувајќи ги Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Кака, Карим Бензема и Лука Модриќ.
Многумина се прашуваат што тргнало наопаку, но повеќето сметаат дека недостигот на тимски дух под водство на Жозе Мурињо е најголем проблем, а еден факт можеби најдобро ја илустрира ситуацијата во соблекувалната на мадридскиот гигант во тоа време.
Back when Essien used to play for Real Madrid, only Modrić and Carvalho showed up for his birthday party. Man looks so genuinely happy at least some people showed up.. pic.twitter.com/i8okH0S8bq
— Xav Salazar (@XavsFutbol) September 28, 2020
Имено, на 3 декември 2012 година, тогашниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Мајкл Есиен го прослави својот 30-ти роденден. На прославата ја повикал целата екипа, но на крајот дошле само двајца пријатели или соиграчи. Роб Бисли ја раскажа приказната во книгата „Жозе Мурињо: блиску и лично“.
„Мурињо рече дека Реал е политички клуб со завојувани фракции и ми ја кажа приказната за Есиен кој ги поканил соиграчите на својот 30-ти роденден, но се појавија само неколку. Тој мораше да го утеши Есиен, велејќи дека тоа не е ништо лично и дека тоа не значи дека играчите не го сакаат, туку само имаале свои грижи“.
Единствените играчи кои го испочитуваа Есиен во тоа време беа Лука Модриќ и Рикардо Карваљо. Тројцата тогаш се сликаа заедно, а на фотографијата Есиен изгледаше расположено, иако очигледно беше тешко знаејќи дека многу од неговите соиграчи одбиле да му ја разубават роденденската забава.
Есиен дојде во Реал на позајмица таа сезона од Челзи, каде остави многу поголема трага.
Потекнува од Бастија, Франција, играше во Лион, а од 2005 година стана дел од Челзи за кој настапуваше до 2014 година. Беше член и на Милан, Панатинаикос…
Тој е еден од најважните фудбалери во историјата на Гана.