Connect with us

Фото

Тажни сцени од Сан Паоло: Фудбалерите на Наполи и стручниот штаб во исти дресови (ФОТО)

Published

on

Фудбалерите на Наполи во моментов го играат натпреварот од 4-то коло во групната фаза од Европската лига против Риека на домашен терен.

Сепак, во Неапол вечерва сè е во знакот на Диего Марадона, кој почина вчера на 60 година.

Марадона е божество во Неапол, бидејќи овој клуб доведе до два Скудета, а најдобрите денови од својата кариера ги помина во Неапол.

Вечерва сè е во знакот на легендарниот Аргентинец, а му беше оддадена минута молк. Исто така, сите играчи и членови на стручниот штаб излегоа на теренот во дресот на Марадона.

Facebook