Connect with us

Фудбал

Телохранителот на Меси го прекина мечот, кога виде што се случува влета на теренот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер од Мајами забележаа победа над Спортинг Канзас Сити (3:2), а натпреварот го одбележа и еден детал во самиот финиш. Во центарот на вниманието беа Лионел Меси и неговиот телохранител Јасин Чеуку, кој мораше да истрча неколку десетици метри со полна брзина за да го заштити својот клиент. Се играше првата од деветте минути продолжение кога еден од навивачите ја прескокна оградата и истрча на теренот, со намера да му се приближи на најдобриот фудбалер на сите времиња. На сите им беше јасно дека Лионел Меси е негова мета, а бидејќи од далечина не беше јасно што сака од Аргентинецот, неговиот телохранител влета на теренот.