Connect with us

Фудбал

Телото на Исмаили пронајдено во езерото Комо

Телото на 24-годишната фудбалерка на Јанг бојс и на швајарската репрезентација, Флоријана Исмаили е извадено од езерото Комо во Италија, откако таа исчезна при туристичка посета пред три дена. Италијанските медиуми објавуваат дека Исмаили скокнала од чамец во езерото за да се освежи, но на тој дел езерото било длабоко 200 метри и таа се удавила, додека нејзината пријателка ја чекала на чамецот.