Тајмаут
Темната страна на Георгина Родригез, девојката на Роналдо, додека ужива во луксузот ги понижува луѓето кои и дале се
Георгина веќе извесно време е во врска со Кристијано Роналдо со кој ужива во луксузни јахти, лета со приватни авиони и може да си дозволи да потроши 30.000 евра за две фини шишиња или 150.000 евра за купување чанти.
Таа наскоро ќе наполни 28 години, кога и ќе почне да се емитува документарен филм за нејзиниот живот за кој вели дека знае како е да немаш ништо, а потоа да имаш се.
Филмот инсистира дека таа никогаш нема да го заборави своето семејство пред да заврши во рацете на нејзиниот херој чие богатство се проценува на повеќе од 800 милиони евра.
Сепак, The Sun ја пренесува приказната како познатата инфлуенсерка е обвинета од некои членови на нејзиното семејство дека почнала да ги игнорира од моментот кога стапила во врска со Кристијано.
Нејзиниот вујко ја опишува како „злобна“ откако се ослободила од семејството и забележува дека заборавила дека токму тој ја спасил кога нејзиниот татко бил во затвор поради трговија со дрога.
-Можеби се срами од нас и мисли дека е подобра од нас затоа што не живееме во луксуз. Никогаш ништо не сум побарал од неа, рекол Хесус Ернандез додавајќи дека еднаш или двапати ѝ се јавиле откако е во врска со Роналдо.
-Кога му беше роденден на син ми, ја прашав дали може да побара од Роналдо да потпише дрес за моето момче, таа рече дека нема. Не сака да му пречи додека е на одмор“, тврди нејзината 33-годишна полусестра Патриша Родригез.
Згодната манекенка имала тешко детство. Нејзината мајка, Ана Марија Хернандез, го запознала Аргентинецот Хорхе кога тој се преселил во Шпанија, а тој бил уапсен пред петтиот роденден на Георгина за шверц на дрога вредна повеќе од 100.000 евра.

По студиите, станала модел, почнала да работи во бутикот на Гучи во Мадрид, каде го запознала Роналдо. По раѓањето на Алана, таа сега му носи близнаци и ужива во луксуз.
Нејзината колекција на накит е вредна околу 3 милиони евра, а на филмскиот фестивал во Венеција се појавила со огрлица од 90 илјади евра.
-Јас бев задолжен за воспитувањето на Џорџина, и купив облека, плаќав струја и вода. Направив се”, вели нејзиниот вујко Хесус.
Хесус живее во двособен стан во југоисточна Шпанија со сопругата и детето за скромна месечна плата од 800 евра месечно.
Она што најмногу и замерува на Георгина е тоа што таа никогаш не му кажала каде бил погребан неговиот полубрат Хорхе кога починал во Аргентина.