Connect with us

Фудбал

Тен Хаг е задоволен од подготовките на Манчестер Јунајтед, но знае дека има уште многу работа

Менаџерот Ерик тен Хаг е задоволен од перформансите на играчите на Манчестер Јунајтед во предсезоната, но исто така верува дека тимот има уште многу работа во текот на новата англиска фудбалска сезона. „Црвените ѓаволи“ ги завршија своите пријателски натпревари со реми 1-1 против Рајо Ваљекано на „Олд Трафорд“, а исто така играа контроли во Австралија, Тајланд и Норвешка.

“Мислам дека направивме добра подготовка и нашиот развој е во позитивна насока. Подготвени сме за новата сезона, но ни претстои уште многу работа. Ова е процес кој ќе продолжи во текот на сезоната. Од ова недела наваму, сепак, резултатите се исто така важни“, изјави Холанѓанецот.

Натпреварот против Рајо Ваљекано беше само ден по поразот од Атлетико Мадрид во Норвешка, а на овие два меча Тен Хаг искористи многу играчи. Тој особено го пофали Лисандро Мартинез, кој дебитираше по трансферот од Ајакс од 57 милиони евра.

“Не сум изненаден од него. Тој и Рафа Варан направија силно дуо. Прашање е дали Лисандро може добро да се прилагоди и мислам дека е целосно способен”, додаде Тен Хаг.