Фудбал
Тен Хег лут: Непрофесионално и неприфатливо, ова не сме ние
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг не го криеше разочарувањето и гневот по најтешкиот пораз на „црвените ѓаволи“ во историјата на меѓусебните дуели со најголемиот ривал Ливерпул.
Холанѓанецот првпат во кариерата гостуваше на Енфилд и доживеа историски пораз од 7:0.
„Мислам дека одигравме сосема коректно во првото полувреме. Таа една грешка ја направивме во последните моменти и на пауза заминавме со гол минус. Немам вистинско објаснување за второто полувреме: едноставно не бевме ние! Не игравме тимски. Тоа беше непрофесионално. Да, многу сум лут“, рече Ерик Тен Хаг .
Холанѓанецот вели дека никој не можел да го очекува ова.
„Изненаден сум бидејќи во последните недели и месеци видов колку овој тим е издржлив и има победнички став. Во вториот дел воопшто немавме победнички став. Не се држевме до планот и ништо не направивме како што треба. Не размислувавме за одбрана и беше навистина непрофесионално. На некои претходни натпревари покажавме дека можеме да се вратиме, по Брентфорд, по Манчестер Сити. Ова е дефинитивно голем чекор наназад. Неприфатливо. Навистина сум разочаран и лут поради тоа“.
Манчестер Јунајтед следните два натпревари ќе ги игра на „Олд Трафорд“. Во четврток во нокаут фазата од Лига Европа го пречекуваат шпански Бетис, а потоа викендот во Премиер лигата тимот на Саутемптон.
⏩ Time to regroup and focus on a second-half response. #MUFC || #LIVMUN pic.twitter.com/9JRfEdU1vP
— Manchester United (@ManUtd) March 5, 2023