Други спортови
Тениски потег на сезоната, а допрва стартува Вимблдон (Видео)
Полскиот тенисер Хуберт Хуркач, со своите 196 сантиметри и фрлањето по тревата, покажа дека може да биде и добар фудбалски голман. Благодарение на атракциите во Истбурн, Хуркач веројатно ќе биде еден од омилените кај публиката на претстојниот Вимблдон.
Тој за пет секунди направи две генијалности, можеби и лудости, но беше корисно, му зеде поен на Трејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот во Истбурн.
Погледнете на каков начин Хуркач успеа да освои поен и да покаже дека е подготвен за вимблдонската трева:
Hubi: Fully loaded @HubertHurkacz with the double dive in one rally!#NatureValleyInternational pic.twitter.com/dIiJ7oQSE8
— Tennis TV (@TennisTV) June 27, 2019