Connect with us

Кошарка

Тепачка во репрезентацијата, хаос пред Светското првенство! Играчите се степаа во хотелот, ИТНА истрага од федерацијата!

Тепачка во кошаркарската репрезентација на Финска, учесник на претстојниот Мундобаскет – и на неполни две недели до почетокот на Светското првенство! На социјалните мрежи се појави видео, како и фотографија од конфликтот меѓу играчите, кои беа идентификувани како центарот Тоуко Таинамо (22 години, 200 сантиметри) и Еми Луконен (20 години, 200 сантиметри). Според досега објавените информации, двајца фински играчи почнале да се тепаат во фоајето на хотелот за време на Универзијадата во Кина. Исто така, беше наведено дека биле присутни и други членови на тимот, но дека им било дозволено да се борат.

Кога изби веста за тепачката, првиот човек на тимот Јука Тири потврди за медиумите дека дошло до тепачка во хотелот во кој биле сместени сите тимови кои учествувале на Универзијадата во Ченгду, која се одржа од 28 јули до 8 август. Секако, итно реагираше и Кошаркарската федерација на Финска која отвори истрага, што во неделата и официјално беше потврдено. На крајот од натпреварувањето во Кина, Финците го зазедоа петтото место и постигнаа историски резултат совладувајќи ја Романија на крајот од турнирот. Овој конфликт предизвика и осуда на Олимпискиот комитет на Финска, на чија Асоцијација апсолутно не му требаше тоа да се случи во месецот во кој тамошната репрезентација по вторпат ќе учествува на Светското првенство, по дебито во Шпанија во 2014 година. Финците ќе играат во групата Е, со Германија, Австралија и Јапонија, кои ќе бидат домаќини на групата во Окинава. Финците допрва ќе го финализираат репрезентативниот список, а ниту еден од играчите од видеото не е ниту на поширокиот список.