Connect with us

Фудбал

Тер Штеген: Малку по малку го правиме она што го бара Сетиен од нас

Голманот на Барселона Марк-Андре тер Штеген зборуваше пред натпреварот во Лигата на шампионите против Наполи. Тој смета дека неговиот тим правилно ја разбра стратегијата на тренерот Кике Сетиен и веќе подобро играат во лигата.

„Тренерот побара од тимот да играат повеќе со мене. Тој сака да игра повеќе со мене. Мора да ја имаме предноста во моментот кога ќе ја придвижиме топката. Јас сум задоволен кога ја имам топката во нозете или рацете“.

Тер Штеген кажа дека тимот малку по малку го прави тоа што го сака новиот тренер.

„Малку по малку, го правиме она што го бара Сетиен. Тој ја има својата филозофија и ние мора да играме како што сака. Не е лесно, но мора да се прилагодиме брзо“, изјави германскиот голман.