Connect with us

Фудбал

ТЕШКА ПРОВОКАЦИЈА: Роналдо објави фотографија која ќе ги разбесни навивачите на „црвените ѓаволи“

Недолго по официјалното соопштение за раскинувањето на партнерството меѓу Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед, Португалецот се пофали со нов часовник кој навивачите на „црвените ѓаволи“ ќе го доживеат како страшна провокација.

По интервјуто со новинарот на „Сан“ Морган Пирс, јасно беше дека Роналдо не се гледа на „Олд Трафорд“, а во вторникот вечерта „црвените ѓаволи“ потврдија дека го раскинале договорот со петкратниот освојувач на „ Златна топка“.

Недолго откако Јунајтед на својата официјална веб-страница потврди дека се разделиле со незадоволниот напаѓач, Кристијано на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го покажа својот нов, специјално дизајниран часовник.

Она што го прави овој часовник особено интересен е тоа што илустрира детал кој ќе ги налути навивачите на довчерашниот клуб на Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SPORTbible (@sportbible)

Имено, на него е прикажан моментот кога Португалецот во дресот на Реал Мадрид постигнува гол против Манчестер Јунајтед, а тајмингот на објавувањето на фотографијата речиси се поклопил со времето на објавувањето на разделбата на „црвените ѓаволи“ со него.

Станува збор за голот што Роналдо го постигна во осминафиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2012/13 на „Сантијаго Бернабеу“, кој заврши со резултат 1:1. Португалскиот напаѓач во реваншот на „Олд Трафорд“ постигна уште еден гол против поранешниот тим, за триумф на Мадрид од 2:1 и премин во најдобрите осум.

Ова само го покажува нивото на кое се односите меѓу Кристијано Роналдо и Јунајтед, поради што враќањето на „Олд Трафорд“ на португалскиот напаѓач наизглед бајковито на крајот се претвори во фанатизам.