Фудбал
Тевез за односот со Фергусон: Невозможно е да се разговара со него
Аргентинецот Карлос Тевез на многу начини е приказна сама по себе.
Темпераментен, но и одличен на теренот, па често беше на мета на навивачите.
Сега тој потсети на период кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 2007 до 2009 година.
Не се согласуваше баш најдобро со големиот Сер Алекс Фергусон.
„Фергусон мислеше дека тој е претседател на Англија. Невозможно е да се разговара со тој старец затоа што секогаш би билњ поразени. Сепак, мислам дека згреши со тоа што ме остави на клупата во финалето од Лигата на шампионите во Рим против Барселона“, рече Тевез.
Денес тој е капитен на Бока, а го носи и дресот на лутиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити.
Тогаш на Фергусон му испрати срамна порака во која пишуваше „РИП Ферги“.
„Емоциите ме поведоа. Јас заминав незадоволен од Јунајтед. Такво време беше тогаш. Сепак, јас го ценам Фергусон како човек и тренер“, додаде Аргентинецот.