Connect with us

Фудбал

Тежок инцидент пред почетокот на најголемото дерби во Босна, еден навивач сериозно повреден (ВИДЕО)

Тежок инцидент и застрашувачки сцени на сараевска Грбавица, пред големото фудбалско дерби на БиХ меѓу градските ривали Железничар и Сараево.

Навивачите на гостите ја пробија заштитната ограда и истрчаа на теренот, истрчаа кон јужната трибина каде што се сместени навивачите на Железничар.

Тие се обиделе да им го украдат транспарентот, а еден од навивачите на Сараево заостанал во повлекувањето, па на видеото кое го објави avaz.ba се гледа колку жестоко го нападнале ривалските навивачи.

Неколку од нив го претепале со нозе и раце, а според сараевските медиуми повредите се посериозни. Инаку, овој меч сепак се игра, Железничар имаше водство до пред крајот на мечот со 2:0.