Кошарка
Тежок удар за шампионот – Кари се повреди, го чека долга пауза!
МВП-то на финалето на НБА минатата сезона, Стеф Кари, заработи повреда на левата нога поради која ќе биде надвор од терените неколку недели, а можеби и многу подолго, според сигурни извори ширум Соединетите Американски Држави.
Кари вечерва ги предводеше Голден Стејт Вориорс до победата над Далас од 119:113, чуварот на „воинот“ постигна 21 поен, но се чини дека во таа прилика се повреди.
Така, актуелниот шампион Голден Стејт ќе мора да победи во плејофот без својот најдобар играч, кој според „најтемните“ прогнози можеби нема да игра до мај.
Вориорс моментално се на осмото место во Западната конференција. По 54 одиграни натпревари имаат биланс од 28 победи и 26 порази, а без големиот Кари сигурно потешко ќе се остварат нови триумфи.