Connect with us

Други спортови

„Ти благодарам, Пике, го уби Дејвис купот!

Поминува четврта година откако е сменет форматот на Дејвис купот, но страстите се уште не стивнуваат. И сега, кога Жерар Пике, поранешниот фудбалер на Барселона, е предводник на целата промена, секако со зелено светло на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), тој повеќе не е учесник.

„Ти благодарам, Пике. Многу смешно!“, напиша Стен Вавринка на Твитер со фотографија од натпреварот меѓу Франција и Швајцарија во Манчестер пред десетици гледачи.

Шпанецот веднаш реагираше:

„Минатата година групната фаза имаше 113.268 гледачи. Споредете ги самите бројки, но ние веќе не организираме. Прашајте го ИТФ“, одговори Пике, потсетувајќи дека е раскинат договорот со неговата компанија Космос.

Меѓутоа, наместо да ја добие оваа полемика, Пике доби уште пожестока реакција.

„Како се осмелуваш да кажеш нешто!? Заедно со ИТФ буквално го убивте Дејвис купот, еден од столбовите на тенисот. Затоа ве молам, затворете ја устата“, напиша Жилијан Бенето, поранешен тенисер, а сега селектор на Франција на Купот Били Жан Кинг.

А со обвинувањата се согласи и Марди Фиш, исто така поранешен тенисер и селектор на репрезентацијата на САД.

„Го убивте Дејвис купот!“.

Главната замерка на Пике и на Меѓународната тениска федерација е тоа што малку натпревари се играат пред домашна публика, па трибините се главно празни. Во Валенсија, Србија играше со Јужна Кореја пред неколку стотини луѓе, а Шпанија против Чешка не достигна ниту половина од капацитетот од околу 8.500 места.

Од друга страна, не е решен главниот проблем на стариот формат на Дејвис купот – отпуштањата на најдобрите играчи. Оваа недела игра само еден од првите десет – Новак Ѓоковиќ.

За десетина дена се очекува изборот на ИТФ Собранието во Мексико, а оваа промена се очекува со загуба да ја плати актуелниот претседател Дејвид Хегерти. Главен ривал е Германецот Дитлоф фон Арним, кој веќе вети дека ќе го врати Дејвис купот во стариот формат. За натпреварите да се играат пред домашна публика и трибините да бидат многу пополни од сега.

 

Facebook