Connect with us

Фудбал

Ти си Франк, но не Рајкард, туку Кеси, легендата Малдини го „спуштил на земја“ фудбалерот кој побарал астрономска плата

Фудбалерот од средниот ред на Милан, Франк Кеси најверојатно ќе замине од клубот. Се уште не е постигнат договор за продолжување на соработката, иако неговиот договор истекува во јуни. Големи се шансите тој како слободен играч да се пресели во друг клуб, а наводно интерес имало од градскиот ривал Интер.

Според информациите од Италија, преговори имало, а спортскиот директор Паоло Малдини неколку пати ја покачил понудата до фудбалерот. Сепак, Кеси и неговиот менаџер наводно побарале 10 милиони евра годишна плата, поради што Малдини го загубил трпението и му порачал дека слободно може да си замине бидејќи тој е Франк Кеси, а не Франк Рајкард.

Ова го откри новинарот Франко Ордине, кој работи за клупската телевизија за Медијасет на Силвио Берлускони.