Connect with us

Фудбал

Ти си вирус, никого не почитуваш!

Ситуацијата во Манчестер Јунајтед од ден на ден е се полоша и полоша. Жозе Мурињо веќе со месеци нема контрола во соблекувалната, а тоа се гледа и на зелениот терен. Познатиот британски новинар, Данкан Кастлес, откри дека во неделата, Мурињо повторно имал вербален конфликт со францускиот интернационалец Пол Погба.

“Црвените ѓаволи” едвај спасија бод на гостувањето во Саутемптон, а Французинот беше еден од најлошите играчи на теренот. За само 90 минути, Погба ги сруши сите негативни рекорди. Изгуби 15 од 30 дуели, му беа одземени дури осум топки, а такво нешто му се нема случено на нити еден друг фудбалер во Премиер лигата кога е во прашање актуелната сезона.

Веднаш по натпреварот, Португалецот му одржал вистинска лексција на искусниот играч за врска.

  • Личиш на човек кој има грип и истиот тој грип им го пренесуваш на другите играчи. Не играш, не ги почитуваш ниту тимските колеги, ниту навивачите. Го убиваш менталитетот на сите добри, чени луѓе кои те опкружуваат, гласела пораката од „специјалниот”.

Таквите критики Погба ги примил со молчење, а според англиските медиуми тоа е знак дека Французинот ќе ја промени средината на крајот од актуелната сезона.

Сепак, постои и втора опција според која Погба ќе остане на „Олд Трафорд” доколку Мурињо си замине на крајот од сезоната. Интерес за неговите услуги покажаа челниците на Јувентус, Барселона и ПСЖ, но само „светците” можат да си го дозволат неговото обесштетување кое нема да биде помало од 100 мил. евра.